Ракометарите на Преспа продолжуваат да доминираат во плеј-аутот од Првата машка лига, а тоа го потврдија и на средбата против Делчево Вардар на која забележаа победа од 34:28.
Домашните беа фаворити уште пред почетокот на средбата така што со ова ги оправдаа очекувањта.
По шест гола во победничкиот тим имаа Шиклевски, Камчев и Мишевски, додека во тимот на Делчево Вардар, Ѓорѓиев постигна 13 гола.
Со новата победа екипата на Преспа остана на првото место со 24 бода, додека Делчево Вардар е на средина од табелата.