Ракометарите на Вардар Неготино се зацврстија на првата позиција на табелата од групата А во Првата лига откако остварија лесна и убедлива победа на домашен терен против Преспа со 34:20.
На ова гостување Преспа допатува со само седум ракометари и поразот против лидерот на табелата беше неизбежен. Вардар Неготино отвори со 4:0 и рутински го водеше натпреварот кон триумф.
На полувремето сè беше решено кога тимот од Неготино имаше водство од 17:6. Второто полувреме беше формалност, Преспа немаше никакви шанси за поголем отпор и заблежа нов пораз кој ја остава на последното место на табелата.
Ташев Ѓорѓи беше прв стрелец во екипата на Вардар Неготино со седум гола, шест постигна Ѓорѓи Орешков додека Борче Трпески беше стелец на пет гола. Во екипата на Преспа се истакна Андреј Божиновски со 11 гола.