Ракометарите на Преспа славеа победа против Овче Поле со 22-19 во натпревар од 7 коло во прволигашкиот плеј-аут.
Првото полувреме беше полно со грешки. Домаќинот поведе со 4-2, но потоа гостите од Свети Николе направија пресврт и поведоа со 5-4. На пауза се замина со минимална предност, 8-7 за Преспа.
По 11-11 во вториот дел, ресенчани направија серија од три гола за 14-11 и до крајот не ја испуштија предноста.
Поповски со осум и Табаковски со седум гола беа најдобрите стрелци кај победничкиот тим, додека во Овче Поле тројца ракометари постигнаа по три погодоци – Тодосов, Стаменков и Коцевски.