Екипата на Партизан славеше на домашен терен против Преспа со 28:18, а на овој дуел задачата беше олеснета и со фактот што гостите дојдоа со само осум ракометари.
Партизан го реши натпреварот уште во првото полувреме кога направи предност од осум гола. Водството од 15:7 после првите 30 минути игра донесе и шанса за бодови, па истата не беше испуштена.
Преспа со само осум ракометари не можеше да се спротистави, па на крајот од средбата мораше да се помири со пораз од десет гола.
Без разлика на епилогот и двете екипи се далеку од шанса за плеј-оф така што може дасе борат само за подобар пласман.
ПАРТИЗАН – ПРЕСПА 28:18 (15:7)
Сала: 26 Април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.
ПАРТИЗАН: Костадинов, Димитров, Р. Узунчев 3, Лисичков 3, Џалев, Маренчев 7, Вегов 5, Динев, Јанев 1, Т. Узунчев 4, Д. Узунчев 1, Ангелов, Ангов 3, Велев, Трајков 1, Георгиев
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.
ПРЕСПА: Ставревски, Ивановски 3, Стефановски, Ѓорѓиевски 6, Ќосевски 4, Милошевски 1, Мирков 4, Тасевски.
Седмерци: 1/2, Исклучувања: –