Сепак, како вредно да се издвои од натпреварот против Франција е играта и „растот“ на 19 годишниот Радојица Чепиќ, играч со карактеристики на големиот Никола Карабатиќ, со одлична дуел игра, врвни одбранбени и тркачки какрактеристики и бестрашна пробојност, но и играч кој плени со начинот на кој се однесува на терен имајќи ја предвид возраста и малиот број натпревари на највисоко ниво. Како краен коментар, играч кој занаетот „го пече“ на словенечко тло и кој следните години ќе биде носител на црногорската селекција. Базирајќи се на младоста и квалитетот на Чепиќ, но и останатите неколкумина играчи во националниот тим, селекторот Рогановиќ, веднаш по поразот од Франција излезе со интересна изјава со која констатираше дека ова е моменталната реалност, НО дека ќе дојде време кога ќе бидеме во ситуација да играме конкурентно со селекции од овој ранг.
Втората фаза влегува во својот финиш и како и што е редот, се „вадат“ тефтерчињата и стартуваат пресметките кој до каде, за кое место, со кого и слично. Тука сум најтенок, морам да признам, а и некако не сум поборник на „маубетите“ од типот, малку фалеше за некоја селекција да направи чудо, другата „за првпат да (не) влезе во полуфинале“ итн…
Во Групата „2“ очекувано до самиот крај ќе има неизвесност за тоа кој од трите врвни селекции ќе обезбеди полуфинале и ќе разигрува за медалите, додека во другата група „благодарение“ на Хрватска, која ги освои првите бодови во втората фаза победувајќи го Исланд, големите фаворити Данска и Франција се пред промоција за понатамошните борби.
Добредојдовте во мојата најнова ПРЕСИНГ колумна за ЕП во Унгарија и Словачка
КОСОРОТОВ И СИЦКО, НОВИТЕ МЕГА ЅВЕЗДИ НА ИСТОКОТ НА РАКОМЕТНА ЕВРОПА
Не сакајќи да навлегувам во (не)исправноста на одлуката на контравезните сестри Бонавентура, и влијанието на истата врз конечниот резултат, уште еднаш се покажа дека најголемата (по површина) светска нација не е подеднакво конкурентна со и без Сергеј Марк Косоротов во својот ростер. 22 годишниот вонсериски талент со начинот на кој игра, „оружјата“ со кои располага и леснотијата со која постигнува голови е темелот врз кој во иднина ќе се формира славната руска селекција, надополнета со висока одбрана и филозофијата која ја наметна, прексиноќа, нервозниот селектор Велимир Петковиќ – Петко. Русија очигледно ја забрза играта, а еден од предводниците, и играч кој во целост (имајќи предвоид неговата конституција) може да го испочитува тоа е токму Косоротов, во следните неколку години поддржан од „прозападниот“ Житников. Дали ќе биде доволно за повторно Русија да ја видиме во борба за медалите останува да видиме.
Уште една голема држава во Европа на ова ЕП промовираше или подобро кажано му даде шанса да го потврди својот голем потенцијал на еден млад играч, во името на левиот бек на гигантот Келце, Симон Сицко, кој заедно со Олејничак, Морито и браќата Гебала ќе биде фундаментот на новите успешни настапи на Полска на големите смотри.
ГЕРМАНИЈА СО ЖЕЛБА ДА ГО ДОИГРА ПРВЕНСТВОТО, НЕКОНКУРЕНТНА ПРОТИВ „ВИКИНЗИТЕ“
„Панцирите“ со (пре)многу проблеми во составот за ова натпреварување, во ситуација кога се поставува прашањето, дали ќе може да се „закрпат“ 14 или 16 играчи за да се одигра натпреварот, солидно се носи со фаворитите за највисок пласман, особено во случај кога нивниот противник, до самиот натпревар и да нема(ше) проблем со повреди или Ковид позитивни. Готфрдсон, Лагерген, Сандел, Карсбогард, Паличка и останатите шведски ракометари во мометов се една класа подобри од комбинираниот состав на Германија. Селекторот на Германија, не можејќи да смета на многу ракометари, немаше квалитет и серизен квалитет на бековските позиции, како носечка алка, за да ја надигра школски најдобро поставената 6-0 во светот на ракометот. Кестер, Штуцке, Шмит и останатите млади играчи го искористија ова „чудно“ ЕП за да соберат искуство, добредојдено за периодот што следува. Шведска со оваа победа се донесе во ситуација во директен дуел со Норвешка да решава за продолжување на успешните настапи на големите натпреварувања и пласман во полуфиналето.
НОРВЕШКА УСПЕА ДА ГО „СКРШИ МАЛЕРОТ“, ЗА НАЈВИСОК ПЛАСМАН ЌЕ ИМ ТРЕБА САГОСЕН ВО ПОЛН СЈАЈ
Големото дерби во оваа група „2“ во „прајм тајм“ се одигра помеѓу актуелните нсоители на златниот медал, Шпанија и се подобрата, на овој шампионат, Норвешка, која четвртина век чекаше и дочека победа над големиот противник. Шпанија, соочувајќи се со веќе познатите проблеми на ова ЕП, напомош го повика пензионираниот Дани Сармиенто, да ги разигрува бековите и пивотите на „црвената фурија“. На спротивната страна, големиот стратег Кристијан Берге, сакајќи да ја направи оваа Норвешка што понезависна од влијанието на Сандер Сагосен, но и нотирајќи ја формата во која е наоѓа главната алка на неговата селекција, стого ја дозираше минутажата на истиот, давајќи им шанса на младите Рик Торстејсен и Сандер Оверјордет кој заедно со искусните Рајкинд и Гулеруд го предводеа нападот на Норвешка. Шпанија беше во негатива во текот на целиот натпревар, со икслучок на почетните 0:2, и во добар дел од истиот беше на „културна“ негатива, но скандинавската селекција со најсилните оружја, цврста и подвижна одбрана (на скромно расположените бекови на противникот), заедно со располежениот втор избор на голот, Кристијан Саверас и транзиција која изгледа нереално добро успеа „да ја скрши“ и освои исклучително важни бодови за пласман во завршините борби. За пласман таму (во последното коло ќе биде потребен бод против соседот Шведска), а и за освојување за некое одличје, имајќи предвид формата на Данска, сепак, ќе мора во игра со полн капацитет да го има Сандер Сагосен, па и Кристијан О’Саливен, играчи од бековските позиции кои имаат многу „големи“ натпревари во своите нозе.
„КАУБОИТЕ“ НА МУСКУЛИ И НА КРИЛЈАТА НА МОТИВАЦИЈАТА ГО ДОБИ ИЗМОРЕНИОТ ИСЛАНД
Хрватска и Исланд одиграа еден натпревар со „ролеркостер“ движење на резултатот, натпревар кој за двете селекции имаше различно значење. Ако на едната страна, Хрватска, по (не)очекуваните порази од Црна Гора и Данска играат за чест и за поправање на впечатокот, големиот триумф на Исланд против Франција ги постави во ситиуација да „бркаат“ полуфинале. Иако на самиот старт, „рибарите“ со скратен список и Омар Магнусон како носител и изненадувањето Асгеирсон имаше убава резултатска предност, во вториот дел како резултат на скратен ростер и очигледен замор не успеаа да освојат значајни бодови. На овој натпревар, впечатливо беше дека Хрватска, предводена од „старата гарда“ во имињата на Гојун, Марино Мариќ и Пешиќ имаше високо ниво на мотивација да покаже дека се уште е велесила во ракометот и дека одредени резултати биле момент на слабост. „Коцкастите“ дефинитивно добија играч за следните 10 тина години, кој ќе може да продолжи со успешни резултати. Тин Луцин, по вокација е среден бек, но секако играч кој може да игра на која било бековска позиција. Неговиот ракометен пат од Загреб, преку Адемар Леон до Висла, следниот период ќе продолжи кон најквалитетните европски лиги, Германија или Франција.
Интересно е да се напомене дека, на овој натпревар двата стратези, кога и да се најдеа во „тесно“ во напдаот, немајќи решение за противничката одбрана се одлулчуваа за тактичко решение 7-6, но не како перманентно решение. По овој пораз, Исланд веќе не зависи од самиот себе, ќе мора да чека пораз на Франција против (не)мотивираната Данска (која е веќе во полуфиналето), и да собере сили за уште еден успешен настап и победа над Црна Гора. Периодот помеѓу две кола во втората фаза е многу голем (имајќи предвид кој се може да влезе и излезе од игра поради Ковид состојбата), па токму затоа е некоректно да се прогнозира.
ЦРНА ГОРА Е НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ, НО СЀ УШТЕ Е РАНО ЗА ПОДВИГ ПРОТИВ „ЕКСПЕРТИТЕ“
Црна Гора која со досегашните настапи на ова ЕП се доведе во ситуација да размислува за бодови, дури и против една Франција, која во минатото коло неочекувано загуби од Исланд, сепак, во моментов не е кадарна за таков подвиг. Особено, кога „експертите“ се донесоа во ситуација да мораат да победат и да останат во игра за полуфинале. За одбележување е раната дисквалификација на двајца многу важни играчи во своите тимови, Шеваљевиќ и Жерард, кои можеби и (пре)строго беа санкционирани за своите постапки. Особено важен е Винсент Жерард, кој е апсолутен прв избор на голот на Франција, овозможувајќи му на вториот голман Пардин да покаже зошто е дел од тимот на големиот фаворит. Сепак, како вредно да се издвои од овој натпревар е играта и „растот“ на 19 годишниот Радојица Чепиќ, играч со карактеристики на големиот Никола Карабатиќ, со одлична дуел игра, врвни одбранбени и тркачки какрактеристики и бестрашна пробојност, но и играч кој плени со начинот на кој се однесува на терен имајќи предвид возраста и малиот број натпревари на највисоко ниво. Како краен коментар, играч кој занаетот „го пече“ на словенечко тло и кој следните години ќе биде носител на црногорската селекција. Базирајќи се на младоста и квалитетот на Чепиќ, но и останатите неколкумина играчи во националниот тим, селекторот Рогановиќ, веднаш по поразот од Франција излезе со интересна изјава со која констатираше дека ова е моменталната реалност, НО дека ќе дојде време кога ќе бидеме во ситуација да играме конкурентно со селекции од овој ранг. Тоа може да ја радува црногорската јавност, која следните години ќе очекува големи работи од овој тим.
ХОЛАНДИЈА, СЕПАК, Е ЕКИПА ОД ПОНИЗОК РАНГ, БЕЗ СМИТС И СТЕИНС ДОЖИВЕА ДЕБАКЛ ПРОТИВ ДАНСКА
Холандија, „осакатена“ без играњето на Каи Смитс од добро познати причини, и чувањето на клупа на Лук Стеинс беше нерамноправен противник на селекцијата која, засега, нема никаков прблем со Ковид. Данска уште еднаш покажа дека е селекција „од друга планета“. Во следното коло Данска игра дерби со Франција, каде може да избере противник за полуфиналето, да одмори некои играчи и да атакува на златниот медал.
Борбите за завршните натпревари се пред нас, да уживаме!
Горан Ѓоргоноски,
Поранешен ракометен репрезентативец и основач и носител на проектот Ракомет за секое дете