Во вториот дел, Хрвоје Хорват се обиде да ја смени „млаката“ и конфузна 6-0 со агресивна 5-1 одбранбена зона, со надеж дека ќе ги принуди црногорците на влегување во грешки и кратки напади, со цел што побрзо да ја анулира предноста на противникот. И, иако на стартот се чинеше дека го има клучот на успехот, најдобриот „играч“ на црногорците, селекторот Рогановиќ со внесување на уште еден пивот во нападот 7-6, ги „спушти“ плитко хрватите и остави простор, првенствено Бранко Вујовиќ, но подоцна и Стефан Чавор како „артилерија“ да ја решаваат зоната на противникот.
Синоќа се одигра првото коло од втората фаза на европското првенство во Унгарија и Словачка. Две работи се карактеристични за ова прво коло. Првата е дека продолжува трендот на пријавување на позитивни ракометари на Ковид вирусот, во одредени селекции, играчи кои се многу важни за изгледот на тимот и од кои зависат многу работи, па и конечниот резултат, оставајќи простор за дилема околу валидноста на резултатите и конечниот пласман.
Втората работа, нешто што ретко се случува, лично не се сеќавам на таков случај, сите шест натпревари од првото коло завршија, со повеќе или помалку, убедливи победи на една од селекцииите, оставајќи ја публиката без неивесност околу конечниот победник.
Добредојдовте во мојата најнова ПРЕСИНГ колумна за ЕП во Унгарија и Словачка
ГОЛМАНОТ И БЕКОВИТЕ ГО „ВОДАТ ОРОТО“ ВО РАКОМЕТОТ, РОГАНОВИЌ ГО „ПРЕСЛУША“ ХОРВАТ
Селекцијата на Црна Гора продолжува со одличните настапи и е најубавата „приказна“ на ова ЕП. Предводени од мирниот, концизен и тактички одлично „поткован“ Зоран Рогановиќ во улога на селектор, и феноменалните Симиќ и Бранко Вујовиќ (во никој случај непотценувајќи ги останатите репрезентативци) во секој сегмент од ракометната игра ја надигра вчера индиспонираната Хрватска. Иако на почетотот на месецот, менувајќи ги улогите, овие две селекции беа на различни страни што се однесува до проблемите со Ковид, поминувајќи ја првата фаза, црногорците полека се комплетираат, а на другата страна хрватите секој ден внесуваат нови и нови играчи пополнувајќи ја празнината од нови Ковид позитивни. Последен пример беше внесувањето на четворица стандардни првотимци во составот на Рогановиќ, меѓу кои и Стефан Чавор како одлично засилување.
Црна Гора иако стратуваше со 6-0 одбранбена зона, по проблемите со ислучувања на Лазовиќ, брзо се трансформира во 5-1 со Милош Вујовиќ на преден играч. Тоа се покажа како одлична варијанта (иако присилена), имајќи предвид подвижноста, интелегенцијата и агресивноста на Вујовиќ како преден играч, што создаде проблеми во „комуникацијата“ меѓу бековите (особено оние неискусните од вакви смотри) и несвојствено многу технички грешки. Со поставување на 5-1 зоната логично беше и нападите на хрватите да завршуваат на линијата од шест метри (крила или пивоти), а таму „ги чекаше“ феноменалниот Небојша Симиќ како сецијалист за „зицери“. Како резултат на тоа Црна Гора имаше неколку индивидуални но и колктивни брзи голови, создавајќи нервоза кај противникот. Во вториот дел, Хрвоје Хорват се обиде да ја смени „млаката“ и конфузна 6-0 со агресивна 5-1 одбранбена зона, со надеж дека ќе ги принуди црногорците на влегување во грешки и кратки напади, со цел што побрзо да ја анулира предноста на противникот. И, иако на стартот се чинеше дека го има клучот на успехот, најдобриот „играч“ на црногорците, селекторот Рогановиќ со внесување на уште еден пивот во нападот 7-6, ја спушти зоната на хрватите плитко, остави простор, првенствено Бранко Вујовиќ, но подоцна и Стефан Чавор како „далекометна артилерија“ да ја решаваат зоната на противникот.
Црна Гора на овој натпревар покажа дека ракометот во огромна мера, покрај од агресивната зона, зависи од стабилен чувар на мрежата и „далекометни“ шутери на бековските позиции. Сето тоа Црна Гора го имаше на вчерашниот натпревар и заслужено влегува во посериозни „математики“ во следните натпревари за евентуален виско пласман. Имајќи предвид сериозните проблеми на Исланд и Холандија, се е возможно…
ШВЕДСКА ЈА ПОДИГА ФОРМАТА ПРЕД РЕШАВАЧКИТЕ ДУЕЛИ, РУСИЈА НЕМОЌНА БЕЗ КОСОРОТОВ
Без супер-талентот Косоротов и вчера „тивкиот“ Житников, Русија предводена од Веллимир Петковиќ не успеа да продолжи со убавите резултати на првенството во Унгарија и Словачка. Сепак, на другат страна за противник имаше селекција, која, иако првата фаза ја помина „на мускули“, сеуште е кандидат за највисок пласман. Шведска „на крилјата“ на својата одбрана, супер-искусниот Паличка на голот и врвниот егзекутор Хампус Ване со контантно водство од почеток до крај немаше проблеми да ги запише првите бодови во втората фаза. Лагерген, Готфирсон и останатите бекови на Шведска успешно ја решаваа плитката 6-0 зона на Русија, па Петковиќ беше принуден да ја менува. По поставување на 5-1 зоната, русите го неутрализираа шутот на Шведска, содавајќи проблем на дуел игра на позииции 2 и 5 и реализација на Ване како резултат на истата. Русија денес игра дуел со уште една голема селкекција, Шпанија, која по синоќешната победа над Германија е во (по)комотна ситуација, додека Шведска очекува нови бодови и „бркање“ на место во полуфиналето против младата Полска.
НОРВЕШКА ПОКАЖА КЛАСА, ДЕНЕС ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА ПОТВРДИ ИСТАТА
На останатите натпревари, Норвешка ја покажа својата класа против Полска, совладувајќи ја со двоцифрена разлика, на крилјата на повратникот, десното крило Бјорнсен и младото лево крило Бартхолд, но се разбира „под диригентска палка“ на големиот Сандер Сагосен кој за 30 минути во првиот дел постигна 9 погодоци. Норвешка денес го има првиот сериозен испит во втората фаза, против „ранетата“ Германија која со ремонтиран состав синоќа немаше сили да се спортистави на селекцијата на Шпанија.
„ЕКСПЕРТИТЕ“ ЈА СОПРЕА ДУЕЛ ИГРАТА НА ХОЛАНДИЈА, ДАНСКА ПОЕЛСНО ОД ОЧЕКУВАЊАТА ОСВОИ ДВА БОДА ПРОТИВ ПРЕПОЛОВЕНИОТ ИСЛАНД
За крај да ги обележиме двете сигурни победи на најголемите фаворити, Данска и Франција, кои се на чекор до обезбедување на полуфинале на ЕП. Франција со цврста и плитка одбрана, очекувано, имајќи предвид физичката подготвеност, не дозволи проблеми 1 на 1 со незгодните холандски репрезентативци и со поддршка на голот од Винсент Жерард „во мирни води“ го носеше натпреварот за конечни 34:24. Од друга страна супер-силната Данска со компелетен состав беше „преголем залак“ за селекцијата на Исланд, драстично ослабена без повеќе нови „позитивни“ играчи, пред се, големата ѕвезда Арон Палмарсон, одличниот среден бек Кристијансон, Елисон…Матијаш Гитсел, со необичен стил за скандинавските играчи, одлична дуел игра, прегледност и пробивност, максимално го користи вниманието кое на себе го има Михаел Хансен, па и рековалесцентот Расмус Лауге Шмит, промовирајќи се себеси во нов лидер на позиција десен бек, позиција која во минатото бил крајно проблематична.
Горан Ѓоргоноски,
Поранешен ракометен репрезентативец и основач и носител на проектот Ракомет за секое дете