Последниот ден од натпреварите од втората фаза на СП, требаше да го даде и последниот патник во четвртфиналето. Со свои математики и пресметки влегоа сите три репрезентации кои имаа шанса за тоа, Аргентина, Катар и Хрватска. Ама повторно се покажа дека предвреме никој не треба да се радува и дека ова СП ќе донесе многу изненадувања и неочекувани резултати.
Денот пол со возбудувања почна со директен дуел, Аргентина и Катар кои требаше да отстранат една од дилемите. Кој ќе биде поблиску до четвртфиналето. Играа први, а потоа Хрватска ќе можеше да знае што и одговара.
Аргентина од самиот старт тргна доста самоуверено и мотивирано, како да сакаше да покаже дека резултатот од претходното коло и победата над Хрватска не беше случајност. Со брзи додавања и движења, Аргентинците најчесто од линијата од 6 метри беше закана за голот на Катар. Пивотмените и крилата беа тие кои го полнеа голот. Иако без изразит бек шутер, Катар длабоко излегуваше до 9 метри, со што овозможи слободна конекција на аргетинските бекови со својот пивотмен. Во одбрана Аргентина со агресивна 6:0, која на моменти се трансформираше во 5:1 успешно ги неутрализираше нападите на Катар.
Бековите на Катар доста статични и доста споро тргнуваа кон голот. Воглавно преку индивидуални обиди на бекот Франкис Карло и преку линијата од 7 метри Катар, доаѓаше до ситуација за гол, што покажува дека не беше во потребниот ритам и доста се мачеше во фаза на напад. Кога во вториот дел Катар ја спушти својата одбрана поплитко со што ја затвори линијата од 6 метри, се движеше побрзо во одбрана со што резултираше со неколку успешни одбрани и преку контранапади го загрозуваше голот на Аргентина. И во фазата на напад доста ја забрза играта, бековите не беа толку статични и многу полесно доаѓаа до шанса за гол. На таков начин дојдоа до позитивен резултат кој аргентинците под притисок на времето мораа да го бркаат и неколку пати згрешија во тие нивни обиди и на крај Катар извојува минимална но значајна победа.
Позитивниот резултат со одушевување го дочекаа репрезентативците на Хрватска и нивните фанови. Веднаш се понадеваа дека можат до победа против големиот ривал Данска. Меѓутоа ни најголемите песимисти на Хрватите не можеа да предвидат еден таков распад и тежок пораз.
Самиот старт на мечот не наговестуваше на такво нешто. Хрватите добри во одбрана, со брза транзиција го отворија мечот. Во напад преку доста вкрстувања се обидуваа да ја отворат средината на данската зона и така полесно да дојдат до гол. Несвојствено за Червар, хрватите доста ротираа како во напад така и во одбрана со цел да го задржат ритамот и притисокот врз данските играчи. Во одбрана 6:0, па потоа и 5:1, Мандиќ се истакнуваше со својата пожртвуваност. Данците воглавно се обидуваа преку пивотмен да стигнат до голот на Хрватска. Она што можеше да се забележи е дека иако резултатски беа во игра, недостасувше тој тимски дух кај Хрватите. Го немаше тој жар и борбеност кој треба да биде пресуден во вакви натпревари. И на тајмаутите доста смирена атмосфера несвојствена за Лино во вакви ситуации. Колку и да говореа дека мечот со Аргентина за нив е минато и дека со состаноци ги решиле сите недоразбирања, дека изјавата за оставка на Червар нема да влијае на играта, тоа на терен и тоа како се чувствуваше.
Потоа во вториот дел следи тотален распад на играта на Хрватска. Едноставно како да се предадоа во соблекувалната и само да чекаа да заврши мечот. Нивните напади беа безидејни најчесто со ииндивидуални решенија се обидуваа да стигнат до голот. Ни играта 7 на 6 не им даде некој резултат, едноставно ништо не им успеваше. Од друга страна тоа воопшто не им пречеше на ладните Данци, кои преку контранапади ја полнеа мрежата на Шего.
Едноставно сите што планираа и се надеваа на нешто сфатија дека ракометот е игра во која треба секогаш да бидеш различен и на ниво.