ПРЕСЕДАН: РФМ додели три бода за реми!

Иако натпреварот меѓу Пролет и Бутел Скопје заврши нерешено, 23-23, сепак Ракометна федерација на Македонија донесе одлука да му ја додели победата на Бутел Скопје, 23-22, откако беше утврдено дека имало нерегуларности со мерењето на времето.

Веројатно за првпат во историјата на македонскиот ракомет се случи преседан, откако Натпреварувачката Комисија на РФМ реши да го поништи резултатот од мечот меѓу Пролет и Бутел, кој се играше во неделата и заврши 23-23.

Натпреварувачката Комисија и Стручната Комисија на македонската куќа на ракометот ја додели победата на Бутел Скопје и сега мечот е пререгистриран со триумф на гостинскиот тим со резултат, 23-22.

Бутел Скопје се жалеше на мерењето на времето на овој натпревар, а потоа и тимот на Пролет, кој потврди неправилности на уредот за мерење на времето поткрепено со изјава од мерачот на време.

Утврдено е дека од побараниот тајм-ут и моментот кога е свирен тајм-аутот од судиите, е констатирано дека регуларното време е истечено, и притоа се утврдени 7,5 секунди надвор од времето.

И најважно од се НИКОЈ НЕ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОПУСТОТ!