Капитенот на шпанската женска репрезентација, Кармен Мартин, не отпатува заедно со колешките на Олимпијадата во Токио.
Таа пред патувањето добила два позитивни теста, иако веќе го прележала коронавирусот.
Третиот тест е со негативен резултат, и докторите уверуваат дека таа не може да го пренесува, односно да ги зарази колешките.
Шпанската делегација отпатува без Мартин, а таа ќе чека уште еден негативен тест за да може да замине за Токио и дополнитело да му се приклучи на националниот тим.