Продолжуваат пријателските натпревари на репрезентациите што веќе се пристигнати во Јапонија пред стартот на Олимписките игри.
Мечот меѓу Норвешка и Шведска не се доигра до крај и беше прекинат во 52. минута, а тогаш резултатот гласеше 26-26.
Причината е лизгавиот под во салата во Фукуока, но селекторите не сакаа да ризикуваат повреда на некој од ракометарите пред стартот на ОИ.
Кај Норвешка, најдобар беше Магнус Јондал, кој погоди седум пати, додека кај Шведска се истакна Хампус Ване со шест гола.