Екипата на Вецлар водеше со 21:19 во 50. минута од средбата против Бергишер, но на десет минути до крајот дојде до прекин откако двете екипи се договорија дека е најдобро да се повлечат во соблекувална и да не продолжуваат со играта. Причина за ваквиот потег беше интервенција на трибините на лекарските тимови откако беше влошена здравствената состојба на еден од гледачите.
Информациите од Германија говорат дека интервенцијата била брза, а реанимирањето успешно така што гледачот бил брзо потоа пренесен во болница.
Сепак, во ситуација кога спасувањето на животот било на прво место и никој не размислувал за спортот одлуката била да не се продолжува средбата, па останува дополнително да се види како ќе се одвива целата ситуација.
Во моментите на прекинот Вецлар на Филип Миркуловски бил во предност од 21:19 така што ќе се знае дополнително дали истиот ќе биде доигран или ќе има некој поинаков епилог.