По катастрофалните земјотреси што ја погодија Турција, тамошната федерација објави дека се стопирани сите ракометни активности.
Планираните натпревари за претстојнава недела нема да се одиграат и се одложени на неодредено време.
Утринава и попладнево неколкуте силни земјотреси однесоа многу човечки животи, па на никој во Турција не мисли на спорт.
Неделава требаше да се играат заостанати и редовни кола во сите ракометни конкуренции, но тие се одложени на неодредено време.