Прекината серијата без пораз на Димитриевски и Синфин

Екипата на Синфин Сантандер каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски после серија од пет натпревари без пораз загуби на домашен терен од Куенка со 24:28.

Димитриевски после неколку одлични натпревари во шпанскиот тим, немаше свој ден и денешниот натпревар го заврши со само два погодоци од шест обиди. Исто така заработи и две исклучувања.

Во првото полувреме Синфин имаше контрола на натпреварот и постојано беше во предност. Во 25. минута домаќините водеа 16:12 но последните пет минути ги одиграа лошо и Куенка стигна до израмнување на полувреме 16:16.

Второто полувреме целосно им припадна на гостите, од почеток го преземаа водството и го задржаа до крај за важна гостинска победа. Синфин и понатаму останува на 12. позиција на табелата во Асобал лигата со 14 поени.

Во следното коло Димитриевски и Синфин Сантандер ќе гостува кај Гвадалахара.