Пред 70 години ракомет се играше и на снег, сега… (ВИДЕО)

 

На крајот од годината речиси редовно тимовите одат на пауза во поголем дел од земјите, најчесто поради настап на Светско или Европско првенство, но на Балканот главно поради ладни сали и немање на услови за играње на натпревари додека трае зимата. Ситуацијата е таква веќе некоја деценија, но дали ситуацијата беше ваква пред 70 години. Снимките кои постојат покажуваат дека тогаш ракометот не само што не се играше во сала туку се играше на отворено. Тогаш ракометот се играше на фудбалски стадион, а на теренот секоја екипа имаше по 11 ракометари. Во 1950 година се играше ракомет и на снег и во поларни услови. На видеото подолу може да се види инсерт од еден натпревар во Германија кој доловува дека и во лоши временски услови некогаш се играло, но „голем ракомет“, кој одамна не е на сцена.