Пред шест недели се породи, веќе се враќа на терен

Репрезентативкатга на Шведска, која настапува на позицијата лев бек го очекува своето деби за тимот на Савехоф каде што се врати после три години. Меѓутоа има интересен момент кој вели дека Јамина Робертс се враќа на терените само шест недели откако се породи.

Ова е момент кој дефинитивно е неверојатен бидејќи ретко кога на ракометарките им се дозволува така брзо после породување да можат одново на терен. Првиот натпревар треба да и биде против Хајд во првенството на Шведска.

„Бев на преглед и докторот беше изненаден од тоа колку брзо успеав да се вратам во нормала. Тој ми дозволи да играм и многу ми е мило поради тоа. Сега останува прашањето колку време ќе можам да добијам од страна на тренерот“, вели Јамина Робертс.

Таа ќе биде добро засилување за тимот на Савехов доколку успее да ја врати формата која ја имаше пред паузата поради бременост. Инаку, таа дојде од тимот на Рандерс, а за селекцијата на Шведска има 164 натпревари и 341 погодок.