Рускиот клуб Лада Тољати пред почетокот на плеј-офот побара од локалниот Владика да го освети нивниот клупски автобус.
Осветата на автобус се случи во православниот храм во нивниот град, а на поворката учествуваа и ракометарките. На крајот ракометарките беа балгословени од епископот на Тољати, Нестор Жигулиевски. Ракометарките и сите во клубот добија и икони како подароци.
„Во секоја работа има и божја страна. Денес го осветив автобусот, што значи дека Бог го даде својот благослов. Се се бара од вас да го зачувате овој благосолов и да не изгубите контакт со Бог“, порачал епископот за официјалната страна на клубот.
Во четврток Лада гостува на Краснодар во првиот четвртфинале натпревар од Суперлигата.