Тимот на Радовиш, кој се подготвува за борбата за опстанок, се поднови со двајца ракометари пред крајот на преодниот рок во Супер лигата.
Станува збор за левиот бек Иванче Ончев, еден од најдобрите прволигашки стрелци, кој доаѓа од струмички Астраион, а претходно беше дел од Борец Велес и Македонија Ѓорче Петров.
Доаѓа и младиот 18-годишен Кирил Буровски, од Свети Николе, кој може да одговори на обврските на сите бековски позиции, па тренерот Љупче Мијалов добива уште една опција плус.
Радовишани се откажаа од странците, кои беа дел од тимот во првиот дел од сезоната и се посветија само на македонски играчки кадар. Оваа сезона клубот, кој е под капата на оштината, немаше многу среќа со повредите и влезе во серија порази, па ќе мора да се бори за опстанок во елитното друштво.