Некогашниот стратег на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ, ќе биде новиот тренер на српскиот вицепрвак Партизан, пренесуваат српските медиуми.
Искусниот стратег последниот клупски ангажман го имаше во романскиот суперлигаш Констанца и клупата на Партизан ќе ја преземе од тренерската палка од Дарио Кржељ.
Тој имаше успех во првиот мандат со Констанца и ја врати во романската елита, додека во вториот мандат и донесе трофеј во Супер Купот по триумфот над Динамо Букурешт.
Чирковиќ во својата тренерска кариера краток период беше тренер на тогашниот тим на Еурофарм Работник со кој успеа да се пласира во групната фаза од ЕХФ Купот.
Пред извесен период се појавија шпекулациите дека селекторот на машката сениорска репрезентација на Србија, Тони Херона, е блиску до договор со Партизан, но од сето тоа немаше ништо.
Во екипата на Партизан настапува младиот голман од Македонија, Стефан Христоски.