Екипата на Гумерзбах која сезонава не успеа да се врати во Бундес лигата, но се очекува во следната да успее во тие намери, а веќе се размислува и за летото во 2022 година кога на клупата би требало да се најде поранешен ракометар на овој тим.
Ракометарот кој одлучи да се пензионира пред неколку дна Гудјон Валур Сигурдсон се договори со клубот да почне тренерска кариера од летото во 2022 година, а доколку оди според планот тоа би можел да го направи во Бундес лигата.
Сигурдсон во својата кариера најдобрите партии ги прикажуваше за овој тим кога беше и најдобар стрелец во Бундес лигата. Екипата на Гумерзбах има 12 титули во Бундес лигата, а има и пет во поранешниот Куп на Европските шампиони.
Во последните години работите не одеа најдобро, па клубот се најде во 2. Бундес лига. Инаку, за овојтим во својата кариера настапуваше и Борко Ристовски, кој го бранеше голот во периодот од 2012 до 2014 година.