Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков го запиша своето име во клупската историја на унгарскиот гигант Веспрем.
Тој на дуелот против Ференцварош, што Веспрем го доби со 29-25, успеа да постигне дури 16 погодоци.
Утринава унгарскиот клуб објави дека тоа е најголем број на постигнати голови на еден натпревар од еден ракометар!
Досега најмногу погодоци имаше постигнато Момир Илиќ, вкупно 14, а по 12 имаа постигнато Марко Вујин, Урош Виловски и Гашпер Маргуч.