Пред десет години – како Данска ни ја украде шансата да играме полуфинале на ЕП (ВИДЕО)

Македонија и Данска досега имаат одиграно седум дуели, од кои три се на Европските шампионати. Македонија има само една победа (во квалификациите за ова ЕП лани), додека шест победи има скандинавската селекција. Во трите средби на континтнеталните собири, Данците славеа три пати, но најболен пораз е оној на ЕП 2012 година во Белград. Македонија ја имаше Данска во рака, во последната минута беше 32-32, а нашата селекција имаше напад. Сепак шутот на Лазаров го одбрани Ландин, тој веднаш додаде до Хансен кој пак го пригра Лидберг и на три секунди до крајот крилото погоди за триумф 33-32 и го сруши македонскиот сон за полуфинале и борба за медал. Подоцна Данска стигна до европската титула. Потсетете се на овој легендарен натпревар....