Младиот голман Марко Кизиќ многумина го гледаа како иднината на голот на Вардар, но тој летово одлучи да го напушти матичниот клуб и родниот град и да се пресели во Битола во редовите на Еурофарм Пелистер.
Единствени совети кои ги послушал и кои му биле важни пред да замине биле оние на Борко Ристовски и на неговиот брат Никола.
„Од соиграчите зборував единствено со Борко (Ристовски) и тој ми рече ’Не сум сигурен во твојата одлука и мислам дека грешиш’, но истовремено ми потенцираше дека тоа е моја одлука и дека јас треба да го направам она што сметам дека е најдобро за мене. Се консултирав и со брат ми, Никола, кој ми посочи дека нема да ми биде лесно, нов град, нова средина, нов клуб, излегувам од комфорна зона и од се она што го знам досега, но истовремено ако добијам шанса за докажување и напредување тоа е понуда што не се пропушта.“
Подолу прочитајте го комплетното интервју со голманот…