Репрезентативецот на Тунис, Усама Хосни, пред да пристигне во Еурофарм Пелистер, ќе има краток ангажман во клубот од Кувајт, Ал Кадисија.
Новиот ракометар на „фармацевтите“ ќе настапи за Ал Кадисија на Азиското клупско првенство што ќе се одржи во Индија од 22 до 30 јуни.
Раководството на клубот очекува добар резултат на Азиското клупско првенство и во следниот период се очекува да ангажира уште неколку засилувања.
Покрај Хосни, во клубот од Кувајт ќе пристигне и голманот на репрезентацијата на Мароко, Јасин Идриси.
На Азиското клупско првенство ќе настапат и екс ракометарите на Вардар, браќата Оливие и Кевин Њокас, како и Бакари Диало, кои на кратко ќе заиграат за Ал Наџма.