Репрезентативецот на Македонија, левото крило Дејан Манасков со Веспрем го освои пехарот во Купот на Унгарија откако после голема борба го совладаа најголемиот конкурент во домашното првенство ПИК Сегед со 28:26.
Почетните минути беа максимално израмнети со минимално водство на двете страни. ПИК Сегед прв имаше поголема предност од еден гол кога поведе со 7:5, но тоа беше многу кратко и Ненадиќ 17. минута израмни на 8:8.
Завршницата на првиот дел им припадна на избраниците на Давид Дејвис и со три последователни гола обезбедија водство на полувреме од 14:12. Во продолжението Веспрем успешно ја одржуваше предноста, а во 52. минута стигна до највисоките четири гола позитива, 24:20.
До крајот на натпреварот искусните ракометари на Веспрем немаа проблеми да го финишираат мечот и заслужено да остварат победа која значи прв трофеј сезонава. Дејан Манасков ја подели минутажата со Штрлек и играше во второто полувреме. За поминатото време на теренот постигна два погодоци.