Легендарниот македонски голман Петар Ангелов е нов тренер на прволигашот Вардар Неготино. Тој во продолжение од сезоната ќе ја има улогата на тренер-играч и ќе се обиде да го внесе тимот во елитното друштво.
Ангелов на стартот на декември го заврши Третиот модул на тренерските семинари што ги организира РФМ и не чекаше долго време за да го има првиот тренерски предизвик.
Кавадарчанецот дојде на местото на Аце Станковски по истекот на неговиот договор со клубот од Неготино. Ангелов на дел од натпреварите беше човек на одлука, а прволигашот има амбиции во претстојниот плеј-оф да се избори за место во Суперлигата.
Со Ангелов во стручниот штаб остануваа Ратко Велјанов како асистент тренер, популарнот Диви ќе работи и со голманите, а тука е и кондицискиот тренер Горан Стојановски.
Тимот веќе почна да работи по краткиот одмор за празниците и подгтовен ќе го дочека продолжението на сезоната во Првата лига на средината на февруари.