Македонската интернационалка Марија Тасевска викендов дебитираше за австрискиот тим Дорнбирн.
Иако нејзиниот тим загуби на тешкото гостување кај Ацгерсдорф со 29-23, левото крило има причини за задоволство.
Тасевска беше најдобар стрелец на нејзиното деби за австрискиот тим со пет погодоци, од кои два беа од пенал.
Во следното коло, Македонката и Дорнбирн ќе играат на домашен терен против составот на Корнебург.
Тимот на Штокерау, каде што брани Матеја Серафимова, славеше над Флдирх со 20-19 и се вмеша во борбата за врвот на табелата.