Ракометарката на Куманово, Ива Димитриевска, која настапува на позиција десно крило во понатамошниот тек од сезоната ќе игра во Словенија.
19-годинешната ракометарка во Словенија ќе го носи дресот на Звезда Логатец. За Димитриевска ова ќе биде прво интернационално искуство, во кое ќе се обиде својот голем потенцијал да го докаже надвор од границите на својата татковина.
Првиот интернационален клуб на Димитриевска се натпреварува во најквалитетната лига во Словенија и моментално е позициониран на 4. позиција на табелата.
Димитриевска во текот на вчерашниот ден го имаше својот деби настап за новиот клуб и имаше свој придонес во победата на Звезда против Копер од 23:19.
Младата ракометарка со екипата на Куманово во сезона 2020/21 настапи во Европскиот Куп.