Прв интернационален предизвик: Ивана Арсениевска се сели во Израел!

Репрезентативката на Македонија, Ивана Арсениевска, во следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во својата кариера.

Младата ракометарка, која има 19 години, по одличните настапи за Металург во изминатате две сезони, си обезбеди трансфер во Израел.

Средниот бек потпиша договор на една сезона со тимот на Бнеи Херцлија, кој беше финалист на плеј-офот оваа сезона во израелскиот шампионат.

Тренер на оваа екипа е поранешниот селектор на Србија и тренер на Наиса Ниш, Живојин Максиќ, па Бнеи Херцлија има големи амбиции за наредната сезона.

Арсениевска го имаше своето деби минатата година и за сениорската репрезентација на Македонија на ЕП 2022.