Кружниот напаѓач на Гевгелија, Бети Петковска, во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.
Петковска ова лето се сели на Малта и во следната сезона ќе игра за тамошниот вицешампион Ла Сале.
Тренер на тимот на Ла Сале ќе биде Македонецот Перо Арсоски, па јасна е намерата да има повеќе ракометарки од нашата земја.
Петковска потекнува од составот на Куманово, каде настапуваше долго време и го освои трофејот во Купот на Македонија во 2019 година.