Прв голем предизвик – Влатко Митков ќе биде тренер на Холабрун!

Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, во новата сезона ќе биде предводник на австрискиот Холабрун.

Десниот бек, кој има Мастер Коуч лиценца, ќе го има првиот тренерски предизвик во кариерата, а тоа веројатно ќе значи и крај на активното играње ракомет.

Митков потекнува од Штип, ги носеше дресовите на бундеслигашите Хам, Вилштат, Вецлар и Балинген, додека во Австрија, покрај за Холабрун, играше за Кремс, Барнбах и Брегенц.

Иако тимот на Холабрун заврши на првото место во Втората лига, сепак нема да игра во најелитната конкуренција во Австрија, по одлуката на тамошната федерација да нема ниту испаѓање во понизок ранг, ниту пласман во повисок оваа сезона.