Управниот одбор на Теукро одлучи дека Ирена Вилабоа ќе го предводи тимот од наредната сезона. Таа ќе го замени Луис Монтес кој сезонава го водеше машкиот тим во втората лига на Шпанија.
Вилабоа ќе биде првата жена тренер која предводела машка екипа во една од двете најдобри лиги на Шпанија. Таа има сестра близначка, Роса со која соработуваше во екипата Атлетико Гуардес. Сега повторно ќе работат заедно бидејќи Роса е помошник во екипата на Теукро.
Ирена Вилабоа долги години работи како помошник на тренерите во многу машки и женски тимови, а исто така беше член на тренерскиот штаб на женската младинска репрезентација на Шпанија. Како главен тренер ги има предводено екипите Порињо и Атлетико Гуардес.