Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, по заминувањето од Македонија стана селектор на Египет.
Шпанскиот стратег во првиот обид му донесе титула на Египет на Африканскиот Куп на нации, а исто така и директен пласман на Олимписките игри во Токио.
Во финалниот натпревар, Египет славеше над бранителот на титулата Тунис, со 27-23, откако и на полувреме имаше предност од 15-11.
Египет во следната година ќе биде домаќин на Светското првенство.