Во женскиот шампионат во Романија веќе ја имаше првата тренерска смена по првото одиграно коло.
Српскиот стратег Горан Куртеш, спогодбено го раскина договорот со тимот на Миовени, кој осетно се засили пред стартот на новата сезона.
Во првото коло Миовени на домашен терен загуби од Таргу Жиу со 27-25, а Куртеш не го дочека второто коло.
Србинот дојде во Миовени на стартот на минатата сезона, а сега на негово место е назначен Јон Михеиле.
Пред доаѓањето во Миовени, Куртеш на кратко ја водеше Валчеа, додека претходно беше тренер на машките екипи Констанца и Плоешти.