Тимот на Тиквеш од Кавадарци во следната сезона не сака да игра само епизодна улога во Суперлигата.
Кавадарчани веќе наголемо се подготвуваат за новите предизвици, и најпрво го решија тренерското прашање, па стана јасно дека Томе Петрески ќе го води тимот и во следните две сезони.
Првото засилување за Тиквеш е искусниот кружен напаѓач Пеце Ѓорѓиоски, кој потпиша договор на една сезона.
Станува збор за поранешен младински репрезентативец кој потекнува од добро познатата прилепска ракометна школа, беше член на ТК Бренд, Пролет, Пелистер, потоа играше за Охрид, Работнички и Радовиш.