Ракометарите на Кичево ги започнаа подготовките за новата сезона, а на првиот собир се појавија и новите засилување од кои се очекува да бидат значајни за играта на тимот.
На првата прозивка на тренерот беа новите играчи, голманот Кристијан Костадиноски кој дојде од Еурофарм Пелистер 2, како и Мојсоски и Јованоски.
Ракометарите на Кичево после почетните подготовки неделава, од понеделник ќе се преселат во Спортско рекреативниот центар „Крушино“ каде што ќе продолжат во полн состав со подготовки за новите предизвици.
Изминатата сезона Кичево немаше некој позабележителен успех во Првата лига, играше во плеј-аутот и заврши на 7. позиција. Сепак, во новата сезона влегуваат пред сè со засилен состав и поголеми амбиции.