Екипите на Шампион и Скопје 2020 одиграа интересен натпревар за финиш на сезоната во плеј-офот во Првата машка лига.
Гостите со победата од 30:26 се изборија за првото место и за директен пласман во Супер лигата.
Во Автокоманда беа присутни многу ракометни работници и екс ракометарки и ракометари.
Меѓу сведоците на мечот за титула во Првата лига беа Ања Алтхаус, Билјана Црвенковска, Валентина Радуловиќ, Никола Матлиески, Владимир Глигоров, Миле Бочкаровски…