Тимот на Алкалоид забележа нова победа во плеј-офот од прволигашката конкуренција, откако славеше на гостински терен против Работнички со 22-45.
Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога гостинскиот тим успеа да направи разлика од 12 погодоци, 9-21.
Во вториот дел се измешаа поставите на теренот, но разликата се дуплираше и на крајот прволигашкиот лидер прослави убедлив триумф.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мартин Серафимов и Михаил Иваноски со десет, односно седум гола, додека кај Работнички се истакна Ѓорѓи Дука со осум погодоци.