Тимот на Алкалоид ја продолжи серијата без пораз во оваа сезона од Првата лига, откако славеше над Вардар Неготино со 21-27 во првото коло од плеј-офот.
Неготинци парираа на стартот, во повеќе наврати и водеа, но по 9-11, во финишот на полувремето една црна дупка во нивниот напад и гостинот спеа да се одлепи на 9-16. До паузата домашните само намалија на 11-16.
На стартот на второто полувреме нова серија на гостите за највисоки 13-23 и веќе немаше дилеми околу победникот, па прволигашкиот лидер само рутински одработи до крајот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Димовски, Стојковиќ, Илиески и Серафимов со по четири погодоци, додека кај Вардар Неготино се истакнаа Драган Кузманов со пет и Ѓорѓи Ташев со четири гола.