ПИК Сегед по елиминацијата од Лигата на шампионите, имаше уште едно приземјување, но овојпат во унгарското првенство.
Тимот на Хуан Карлос Пастор загуби на гостувањето кај Ѓенѓеш со 30-28 и тоа со погодок примен директно од аут, бидејќи домашните беа во пасивен напад и им остануваше едно додавање.
Веројатно голманот Роланд Миклер ќе го сонуда ударот на Милан Варшандан, по кој Ѓенѓеш се одлепи на 29-27 на минута и десет секунди до крајот. Точка на мечот стави Пап со голот за 30-28 и голема радост на домашните.
Голманот Томиќ блескаше меѓу стативите со 19 одбрани, а по пет гола дадоа Виловски и Уборњак, додека кај ПИК Сегед, Фримел беше најдобар со седум погодоци.
На табелата, ПИК Сегед остана прв со 41 бод од 22 меча, а Веспрем е втор со 40 бода и натпревар помалку. Овие два клуба се недостижни на првите две места и ќе разигрувааат за титулата, а првиот на табела ќе го игра реванш дуелот од плеј-офот на домашен терен.
Погледнете го голот на Варшандан директно од аут…