Репрезентацијата на Австрија се упати кон Шпанија на Светското првенство, но уште пред стартот дојдоа проблеми бидејќи ракометарките мораа да отпатуваат без селекторот Херберт Милер и неговиот помошник Еврин Гирлингер.
Пред заминувањето Милер беше позитивен на тестот за Ковид 19 и мораше поради ова да остане во Австрија. Поради сомнежи дека можат да развијат симптоми во следните денови исто така во карантин се најдоа и неговиот помошник, Ервин Герлингер, како и 19-годишната Катарина Панџа.
Со исклучок на овие тројца другите членови на делегацијата на Австрија биле подложени на нови тестови после пристигнувањетово Шпанија, но имале негативен тест.
Селекторот Херберт Милер не може да биде дел од овој Мундијал бидејќи останува во изолација, а на негово место доаѓа неговиот брат, Хелфрид Милер кој ја предводи младинската репрезентација.