Уште на почетокот на подготвителниот период Давид Дејвис и составот на Веспрем се соочуваат со првите проблеми со повреди.
Клубот на својата официјална страна објави дека еден од најдобрите играчи на екипата, Данецот Расмус Лауге заработи повреда на последниот тренинг.
Бекот на Веспрем доживеа повреда на јагодичната коска на лицето на загревањето пред тренингот откако се судри со еден негов соиграч. Засега Лауге нема да мора да оди на операција, но сепак останува неизвеснсо колку долго ќе биде отсутен од терените.
Веспрем ги започна подготовките за наредната сезона, пред се за Лигата на шампионите која стартува на средината на септември каде што унгарскиот тим има високи амбиции. Со оглед на периодот до почетокот на натпреварувањето Расмус Лауге би требало на време да се опорави од повредата.