Натпреварувањето кое го наследи Челинџ купот и сега се нарекува Европски куп на почеток на мај ќе го добие првиот освојувач на пехарот во женска конкуренција.
Веќе се познати тимовите кои ќе играат во финалето, а се работи за Малага од Шпанија и Локомотива од Хрватска.
Екипата од Загреб е победник на Челинџ купот од 2017 година и може да дојде до нов пехар и тоа на домашен терен со оглед на тоа што реваншот се нгра на 8 или 9 мај во Хрватска. Претходно на 1 или 2 мај во Малага ќе биде одиграна првата средба.
Инаку, во тимот на Локомотива настапува младата ракометарка и репрезентативка на Македонија, Андреа Седлоска.