Првиот натпревар е моќен за Македонија, има пет победи на отворањата на СП!

Репрезентацијата на Македонија денеска го почнува своето седмо учество на Светските првенства, а првпат на отворањето за ривал ќе има селекција од Европа.

На досегашните шест учества противници редовно биле земји од другите континенти. Досега обично суден за Македонија беше составот на Тунис против кој редовно се играше на првите дуели и тоа на дури три првенства Македонија отворала против оваа репрезентација.

На првите средби на Светските првенства Македонија петпати победувала и тоа против селекциите од Азија и Јужна Америка. Против африканските селекции, поточно против Тунис има две победи и еден пораз во 2009 година на Мундијалот во Хрватска.

Ова е убава најава за добар старт на ова Светско првенство. Иако првпат ќе има двобој против селекција од Европа, сепак, Македонија има добар биланс кога е отворањето на големите натпреварувања.

Билансот од пет победи и еден минимален пораз се добра најава за денешната пресметка против Швеѓаните така што ова може да биде доста интересна средба и секако може да се очекува добар старт за Македонија.

ПРВИТЕ НАТПРЕВАРИ НА МУНДИЈАЛИТЕ

2 ЈУНИ 1999

МАКЕДОНИЈА – САУДИСКА АРАБИЈА   28:21

17 ЈАНУАРИ 2009

МАКЕДОНИЈА – ТУНИС     24:25

12 ЈАНУАРИ 2013

МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ        30:28

16 ЈАНУАРИ 2015

МАКЕДОНИЈА – ТУНИС     33:25

12 ЈАНУАРИ 2017

МАКЕДОНИЈА – ТУНИС     34:30

11 ЈАНУАРИ 2019

МАКЕДОНИЈА – ЈАПОНИЈА          38:29