Старо-новиот светски првак Данска, по триумфот над Шведска со 26-24 и одбраната на тронот, првиот меч како нов владател на светот ќе го има во Скопје.
Данска е во група со Македонија за квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година.
Првиот меѓусебен натпревар ќе се игра во Скопје на 10 март од 20:00 часот, додека возвратниот дуел ќе биде во Алборг на 14 март од 16:00 часот.
Данска како светски првак од 2019 година има обезбедено директен пласман на Олимписките игри во Јапонија и затоа ги игра квалификациските средби за ЕП во март, додека другите ќе играат квалификации за ОИ.