Ракометната федерација на Полска го објави распоредот за домашниот шампионат за новата сезона, 2022/23, а првиот натпревар меѓу вечните ривали Висла Плоцк и Келце ќе биде одигран на 10 октомври.
Полскиот шампионат во машка конкуренција ќе започне на 3 септември. Актуелен бранител на титулата во новата сезона ќе биде екипата на Талант Душебаев, Келце.
На првиот натпревар меѓу Висла Плоцк и Келце, кој ќе се одигра на 10 октомври, домаќин ќе биде полскиот вицепрвак. Овој натпревар ќе се одигра во Плоцк.
Екипата на Келце ќе биде домаќин на реванш натпреварот. Висла Плоцк ќе му гостува на Келце на 20/21 мај во рамки од 26. коло од полскиот шампионат.
Изминатата сезона титулата во Полска ја одбрани Келце, додека Куп трофејот го освои Висла Плоцк. И двете екипи во новата сезона ќе влезат со амбиција да ја освојат дуплата круна.