Тренерот на тимот на Звезда Звенигород, Алексеј Гумјанов е задоволен од тоа како се зголемува квалитетот во шампионатот на Русија.
Тој смета дека првенството добива на квалитет и дека постојано се движи во нагорна линија.
„Многу клубови како и Звезда сакавме шампионатот да го одлучиме на терен. Сепак, ситуацијата е таква каква што е и мораме сите да го разбереме тоа. Ова беше навистина добра сезона. Минатата сезона ние бевме меѓу четирите екипи, но годинава се најдовме на 5. позиција. Руското првенство стана многу посилно од порано. Појавата на екипата на ЦСКА Москва додаде голема конкуренција. Лада Тољати која беше во врвот остана таму иако главните ракометарки си заминаа и ова е само добра работа за женскиот ракомет во Русија“, вели Гумјанов.
Екипата од Звенигород ја загуби трката со Ростов Дон, Лада Тољати и ЦСКА Москва и не може да се носи со квалитетот кој го поседуваат овие тимови така што тоа влијае и на нивниот пласман во првенството.