Ракометарите на Прилеп одиграа уште еден одличен натпревар и во второто коло од Суперлигата го совладаа тимот на Металург на домашен терен со 28:24 и го направија првото големо изненадување сезонава.
Прилеп имаше одличен почеток на натпреварот, поведе со 2:0, а потоа беше и 5:1. Домашниот тим продолжи во ист ритам и целосно доминираше во почетните минути. После 7:2, Металург усепа да се врати и полека започна да ја топи негативата.
До крајот на првиот дел Прилеп сепак ја сочува предноста, но Избраниците на Иван Марковски се вратија на достижна негатива. После 30 минути игра во салата Р.Р. Ричко домашниот тим водеше 15:13.
На почетокот на второто полувреме Металург брзо израмни на 18:18, а веднаш потоа го имаше и првото водство од 18:19. Но тоа траеше кратко, а Прилеп со добри минути усепа повторно да поведе и имаше три гола позитива во 46. минута.
Во последниот дел од натправарот Прилеп лесно ги контролираше резултатот и играта, сигурно ја чуваше предноста и сигурно го водеше натпреварот кон победа. На пет минути до крај домашниот водеше 27:23 и беше на чекор до триумф. Во завршницата без проблеми Прилеп стигна до победата и големо изненадување.
Најефикасен во составот на Прилеп беше Казеин Рустамов со седум гола, додека Реваз Чантурија постигна шест погодоци. Во екипата на Металург најпрецизни со по пет гола беа Костадин Петров и Златко Хорват.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА