Тимот на Астраион ја забележа првата победа во прволигашкиот плеј-оф, откако во Струмица славеше против Кичево со 37-31.
Гостите парираа во голем дел од првото полувреме, но попуштија во финишот и Астраион замина на пауза со плус два, 16-14.
Стартот на вториот дел и шесте гола во мрежата на Кичево за 22-14 беа клучни за триумфот на струмичани.
До крајот Кичево остана и без Фичуроски, кој заработи трето исклучување и црвен картон и немаше сили за камбек во мечот.
Васе Наков даде седум гола за Астраион, додека Христијан Ефтимов, Васко Стојанов и Марко Стојанов постигнаа по шест гола за победничкиот тим. Марјан Сарашов беше најдобар стрелец со девет гола за Кичево.