После победата на тимот на КЛ7 над Младост Богданци и тоа на гостински терен денеска на потег се ракометарите на Тиквеш од кои се очекува да се изборат за три бода на дуелот против ГРК Борец.
Кавадарчани имаат одличен старт на сезоната и од нив се очекува против велешани само да продолжат во истиот ритам.
Инаку, ова е единствениот натпревар кој се игра денеска од 4. коло од Групата 2 во Првата машка лига.
ПРВА МАШКА ЛИГА (ГРУПА 2)
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО
МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – КЛ 7 20:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Динов 6, Фиданов 5, Роглев 3 – Стојков 6, Гучески 5, Каковски 4
САБОТА, 12 ОКТОМВРИ
15:30ч
ГРК ТИКВЕШ – ГРК БОРЕЦ
Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.
НЕДЕЛА, 13 ОКТОМВРИ
20:00ч
ПРЕСПА – ПАРТИЗАН
Сала: „Заре Стојановски“ во Ресен. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.
ВТОРНИК, 15 ОКТОМВРИ
20:00ч
ЈЕХОНА – АЕРОДРОМ
Сала: „Младост“ во Гостивар. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.
ТАБЕЛА: 1. КЛ-7 12 бода (126:85); 2. ГРК Тиквеш 9 (102:65); 3. Младост Богданци 9 (102:86); 4. Аеродром 6 (87:77); 5. Преспа 3 (72:78); 6. Партизан 0 (63:82); 7. Јехона 0 (69:96); 8. ГРК Борец 0 (56:108).