Прва машка лига, Група 1: Неготинци очекуваат серија победи, Прилеп на испит

Денешните средби од 13. коло од Групата 1 во Првата машка лига треба да донесат интересни пресметки во кои домашните состави имаат мала предност.

Вардар Неготино е фаворит против РК Алушовски и очекува нови бодови и врзување на серија на добри резултати со кои се доближува до пласман во плеј-офот.

Прилеп има одлична позиција во Групата 1, а денеска игра против директен ривал за плеј-оф. Македонија Ѓорче Петров може да изненади, но ракометарите ќе мораат добро да се испотат ако сакаат да дојдат до бодови на овој дуел.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО

САБОТА, 7 ДЕКЕМВРИ

17:00ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – РК АЛУШОВСКИ

Сала: „Кирил и Методиј“ во Неготино. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

19:30ч

ПРИЛЕП – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

НЕДЕЛА, 8 ДЕКЕМВРИ

18:30ч

МРК КУМАНОВО – ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА

Сала: Спортска во Куманово. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

19:00ч

АСТРАИОН – РИНИА М

Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ТЕКСТИЛЕЦ е слободен

ТАБЕЛА: 1. Астраион 25 бода (26:226), 2. Прилеп 24 (374:301); 3. Јуниор Кисела вода 21 (287:251); 4. Вардар Неготино 19 (300:293); 5. Македонија Ѓорче Петров 19 (339:339); 6. Куманово 18 (317:277); 7. РК Алушовски 6 (309:320); 8. Риниа М 5 (288:395); 9. Текстилец 2 (295:393).